Мицкоски до Ковачевски: Водењето држава не се става во ексел табела, а кога сме кај табелите повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа

Од:

„Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фб профил.

„А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонија се позиционира како регионален транспортен и енергетски хаб

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Мицкоски: Поголема одговорност во трошењето јавни средства

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче