Таткото на поранешниот соработник на американската Централна известувачка агенција (НСА) Едвард Сноуден, Лон Сноуден денес во интервју за телевизијата „НБС“ застана во одбрана на својот син, истакнувајќи дека тој го направил она што мислел дека е исправно.
-Мислам дека мојот син секогаш ќе се чувствува добро за она што го направи и сега и за сто години. Тој го направи тоа што мислеше дека е правилно, ја сподели вистината со граѓаните на Америка-рече тој.
Едвард Сноуден веќе еден месец се наоѓа во транзитна зона на московскиот аеродром Шереметјево.
-Им благодарам на сите кои што му пружаат каква било помош на мојот син. Доколку тоа го прават и луѓето од Викиликс, благодарен сум на тоа- изјави таткото на поранешниот соработник на НСА.
Елена Георгиевска