Албанската полиција почна со уништување на илегални насади со марихуана

Од:

Откако минатата недела авиони на италијанската специјална полиција по барање на албанските власти извршија снимање на парцели низ цела Албанија за кои постоеше сомнеж дека се засадени со марихуана, локалната полиција почна со нивно уништување.


Во денешната акција на 11 парцели на периферијата на Тирана, беа уништени  најмалку 2.000 корени марихуана високи над 1,5 метри, кои биле во фаза на зреење.


Како што јави дописникот на МИА, при акцијата се приведени двајца сопственици на парцелите.


Албанската полиција досега уништи голем број корени канабис и повеќе тони марихуана.


Инаку, два авиони на италјанската полиција со специјална опрем извршија снимање на територијата на Албанија, по што албанската полиција ја почна акцијата на уништување.


Ваква акција во соработка со италијанската полиција беше реализирана и лани, кога беа уништени 76 парцели засадени со марихуана.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски