Швајцарскиот тениски ас Роже Федерер ја продолжи својата неуспешна серија и на турнирот во Гштад, каде е елиминиран во второто коло. Рекордерот по бројот на освоени гренслем турнири и еден од најдобрите тенисери на сите времиња се посрамоти губејќи за само 65 минути во два сета со 6-3, 6-4 од 55. тенисер во светот, Германецот Даниел Брандс.
По лошиот настап на Вимблдон, Федерер минатата недела беше елиминиран од турнирот во Хамбург од тенисерот кој се наоѓаше на 114. место на АТП листата во тој момент, Федерико Делбонис.
Падот на формата во изминатиов период предизвика бура шпекулации во тениските кулоари, според кој се најавува повлекувањето на Федерер.