Морси во притвор, обвинет за шпионажа

Од:

Египетскиот државен обвинител на сменетиот од власт Мохамед Морси му одреди 15-дневен притвор поради наводна шпионажа во корист на Хамас и ослободување на затвореници.


Морси наводно бил во контакт со таа палестинска исламистичка организација, која му помогнала да побегне од затвор во 2011 година. Поради тие наводи на Морси му е одреден притвор од 15 дена, но притворот може да биде продолжен доколку тоа го побара истрагата.


Случајот се однесува на бегството на десетина лидери од Муслиманското братство од затвор за време на протестите во 2011 година, кога од власт беше симнат претходникот на Морси – Хосни Мубарак. Египетските медиуми шпекулираат дека за организација на бегството Муслиманското братство соработувало со Хамас и либански Хезболах, но од братството тврдат дека им помогнале локални жители, а не странци.


Според Државната новинска агенција МЕНА Морси е предмет на истрага поради наводите дека соработувал со Хамас во „дејствување против државата, напади на полициски станици, воени официри и затвори, подметнување пожар во еден затвор и овозможување на затворениците, вклучувајќи се и себе, да побегнат, како и убиство со предумисла на полицајци, војници и затвореници“.


Движењето муслимански браќа ги отфрли како смешни обвиненијата против Морси. – Тие се целосно несериозни. Ги продолжуваме протестите на улиците. Веруваме дека се повеќе луѓе ќе сфатат што овој режим навистина претставува – враќање на старата држава на Мубарак, со користење на брутална сила, изјави портпаролот на движењето, Гехад ел Хадад.


Египетската војска го држи Морси на непозната локација од 3 јули, кога го симнаа од власт.


Генерал Абдел Фатах ал-Сиси за денеска повика на масовни демонстрации против „тероризмот“ на Муслиманското братство, кое пак исто така повика на протести. Поради сето ова постои голема загриженост дека би можеле да избијат судири меѓу двете групи или меѓу демонстрантите и војската, која вети дека ќе одржува ред и ќе го спречи насилството.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро