ФОТО: Како требаше да изгледа Скопје по земјотресот?

Од:

Доколку се реализираа плановите на јапонскиот архитект Кензо Танге денес македонската метропола ќе изгледаше сосема поинаку – со подземни железници, градска порта, со комлетно решение за градскиот сообраќај.

Јапонецот во својата визија, кога ја доби на конкурс задачата од Обединетите нации, Скопје уште пред половина век го виде како футуристички, модерен град, пример на современата светска архитектура.

4

Но само малку, или речиси ништо од ова не се реализира. Сега,после 50 години, наместо футуризам, Скопје се гради во барок.

Во Скопје неодамна беше синот на Кензо Танге, архитектот Пол Норитака Танге, кој препорача ревизија на мастер планот за постземјотресно Скопје на неговиот татко.

3

Норитака Танге не сакаше да го коментира сегашниот изглед на метрополата и дали барокот има место во планот на неговиот татко.

-Најважно е да се разберат луѓето кои живеат во градот, како тие се чувствуваат. Така, ако е тоа она што го сакаат луѓето во Скопје, тогаш тоа е исправно решение“,изјави Пол Норитака Танге.

2

1

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство