Во изминативе 24 часа во Федерацијата БиХ биле тестирани 3.321 примероци, од кои 1.840 биле позитивни на коронавирус (САРС-КоВ-2), а шест пациенти починале.
Нови случаи на зараза се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Посавскиот, соопшти Институтот за јавно здравје на БиХ, пишува Српскаинфо.
Досега во БиХ се тестирани вкупно 1.126.456 примероци, а САРС-КоВ-2 е потврден кај 216.487 лица.