Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му се заблагодари на швајцарскиот претседател Игнасио Касис за помошта во организирањето на руско-американските преговори во Женева, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– Одржавме конструктивен разговор во кој разменивме мислења за актуелната состојба на билатералните односи, како и за бројни горливи меѓународни прашања. Позитивните, искрени и пријателски односи меѓу Русија и Швајцарија дојдоа до израз. Руската страна им се заблагодари на швајцарските партнери за организирање на руско-американски разговори во Женева, се наведува во соопштението.
Вчера во Женева водечки руски дипломати разговараа за безбедносните гаранции со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Извор: МИА