Акциите на „Рио Тинто“ со намалена вредост откако Србија укина дозволи за истражување литиум

Од:

Акциите на британско-австралиската рударска компанија Рио Тинто паднаа денеска, откако Србија ги укина дозволите за истражување литиум поради еколошки грижи, намалувајќи ги шансите на компанијата да стане лидер во европското производство на тој метал.

Акциите на Рио се затворија за 4,1 отсто на австралиската берза вчера и накратко потонаа за 5,1 отсто, најсилно од август 2021 година. Во тргувањето утринава во Лондон тие се со вредонст за повеќе од три отсто. Од компанијата наведоа дека се „крајно загрижени“ за одлуката на Белград, додавајќи дека ја разгледуваат својата правна основа. Австралиската влада соопшти дека жали поради одлуката на српската влада да ги одземе дозволите.

„Посочуваме дека значајна инвестиција на Рио Тинто во Србија би донела големи економски придобивки. Австралиските компании за ресурси имаат извонредна репутација низ целиот свет, особено кога станува збор за експертиза“, се вели во изјавата на австралиската влада.

Одлуката на Србија е тежок удар за австралиската компанија, која се надеваше дека рудникот Јадар ќе и обезбеди место меѓу 10-те водечки производители на литиум во светот. Литиумот е клучна состојка во батериите, важна компонента на електричните автомобили.

Рудникот е единствениот проект на Рио за ваедење литиум и требаше да произведе 58.000 тони рафиниран литиум карбонат за батерии, што би бил најголемиот во Европа.

Пред еден месец, компанијата објави и купување на рудник за литиум во Аргентина за 825 милиони долари. Силната глобална побарувачка за овој метал далеку ја надминува понудата и неговите цени достигнаа рекордно ниво во последниве години. Цените на фјучерсите, кои почнаа да се тргуваат на берзата во Чикаго во мај минатата година, скокнаа за цели 171 отсто вчера на рекордни 38 американски долари за килограм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда