Петковски: Груевски да поднесе тужба и против Иванов

Од:

Тито Петковски од НСДП, реагира на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дадена на средбата на претседателите на земјите од регионот, со Претседателот на Франција, Франсоа Оланд што вчера се одржа во Брдо, кај Крањ во Словенија.

„Мојата земја прифати да разговара за разликите околу името. Непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008. година прифативме конкретен предлог од медијаторот Нимиц, но бевме блокирани“, потсети Петковски на изјавата на Иванов.

„После ова јавно признание на претседателот Иванов очекувам Никола Груевски да се откаже од тужбата против мене пред граѓанскиот суд во Скопје или пак да поднесе иста тужба против Претседателот Иванов“, изјави Петковски.

Лидерот на НСДП беше осуден да плати казна од 10.000 евра поради тоа што со истата изјава му нанел душевна болка на премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Мисовски од конгресот на НСДП: Државата се движи во погрешна насока

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ