Египетскиот државен обвинител на отповиканиот претседател, Мохамед Морси поради наводни контакти со Хамас, му одреди притвор.
Наводно Морси бил во контакт со палестинската исламска организација, која му помогнала да избега од затвор во 2011 година. Истражниот судија му одредил на Морси притвор од 15 дена, поради истрага на наводите.
Случајот се однесува на бегство на десетина лидери на „Муслиманско братство“, кога од власта беше исфрлен претходникот на Морси, Хосни Мубарак.
Египетската војска го држи Морси на непозната локација, откако беше отповикан, на 3-ти јули.
Елена Георгиевска