Расправија во британската Влада околу антиимигрантската кампања

Од:

Британските министри од редовите на либералдемократската партија, во коалиционата влада на Дејвид Камерон, побараа повлекување и забрана на рекламната кампања против илегалната имиграција во Велика Британија.

Незадоволството на либерелдемократите избувна откако нивните гласачи и партиските членови ги обвинија министрите од оваа партија за неуспехот да ги спречат ториевците, да не се почне со кампањата.

Гневот нарасна кога и лидерот на британската парија на независноста УКИП, Најџел Фараж, познат по својата политика против странските имигранти, јавно ја осуди кампањата, нарекувјќи ја „грда и непријатна“.

Кампањата почна на почетокот од оваа недела, кога во разни реони од Лондон и земјата беа поставени големи билборди, на кои на илегалните имигранти им се порачува -„Одете си дома, или ќе бидете уапсени“.

Министрите либералдемократи бараат веднаш да се прекине со кампањата, инсистирајќи дека таа не е владина, ниту коалициона, туку дека е само на конзервативната партија, која на овој начин настојува со „тврда“ внатрешна политика, посебно во секторот на имиграцијата и во односите со ЕУ, да го спречи одливот на ториевските гласачи кон УКИП.

Претставник на британската либералдемократска партија изјави дека партијата и самата се залага да се стави ред во британската имиграциона политика, но ваквата кампања е „несоодветна, невкусна и неефикасна“.

Функционери на муслиманската заедница во Велика Британија ја осудија кампањата, означувајќи ја како „чист расизам“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот