Троицки суспендиран на 18 месеци

Од:

Српскиот тенисер Виктор Троицки е суспендиран на 18 месец, бидејќи на турнирот во Монте Карло не дал примерок од крвта, соопшти Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Како што се наведува тој бил известен дека на 15 април треба да предаде примерок од урина и крв на турнирот во Кнежевина.

Троицки предал примерок од урина, но не и од крв, а на комисијата и рекол дека лекар од (ИТФ), му дозволил да не дава крв доколку не се чувствува добро. Според неговите зборови, токму затоа што не му било добро тој не дал крв, додека комисијата не ги прифатила тие аргументи и го казнила Троицки во рамките на член 2, став три од Тениската антидопинг програма.

-Никогаш не сум користел недозволиви супстанции. Единствена вистина е дека официјално лице од допинг контролата ми дозволи да не предавам примерок од крвта, поради тоа што тој ден не се чувствував добро –изјави Троицки, кој во Умаг е елиминиран во осмина финалето.

Троицки најави дека ќе се жали на одлуката на (ИТФ), а доколу неговата жалба не биде усвоена, на турнирите ќе може да се врати дури на 24-ти јануари 2015 година.

-Ова е најтешкиот период во мојата кариера. Не знам зошто имам ваков третман, кога не сум виновен. Шокиран сум, во Монте Карло верував дека примерокот од крвта може да ја предадам наредниот ден. Секако ќе се жалам на казната на ИТФ – истакна Троицки.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ