Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ конечно се враќа дома по големите проблеми кои го снајдоа во Австралија.
Од Мелбурн полета за Дубаи, од каде по кратка пауза замина за Белград.
Откако Ѓоковиќ пристигна во Белград се огласи неговата мајка која порача дека најдобриот тенисер во светот ќе остане во Србија во наредните неколку дена и нема да се огласува за медиумите.