Хокси потврдија – Антиќ ќе игра во НБА

Од:

НБА екипата Атланта Хокс и официјално потврди дека е потпишан договорот со македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, кој стана првиот Македонец кој ќе игра во НБА лигата.

– Перо е голем и сестран играч кој ќе ја продлабочи нашата игра напред на теренот. Ќе се вклучи добро во тоа тимот што го градиме и возбудени сме што можеме да го приклучиме на нашиот тим, вели Дени Фери, оперативен претседател на клубот, во соопштението на јастребите од Атланта. Притоа, не се наведуваат детали за договорот кој е потпишан.

Клубот објави и анализа на нивните очекувања од македонскиот центар, во која наведуваат дека очекуваат тој да добие минутажа во тимот, како резервен центар.

– Антиќ е највисокиот играч во екипата – Јастребите се уште не ги потпишаа договорите со пиковите Лукас Нориега и Мајк Мускала – и би требало да добие време на теренот како резервен центар. Антиќ е изненадувачки сестран играч за човек од неговата големина и се движи добро на двата краја на теренот. Со неговите 115 обиди за тројка во Евролигата и 32 проценти на успешност покажуваат дека не само што може да погоди од далеку, но и не се плаши да се обиде. Јастребите со овој договор добиваат и уште еден добар поентер од линијата за слободни фрлања, имајќи предвид дека Антиќ погодуваше со 71 процент во минатата сезона со Олимпијакос, пишува во анализата објавена од Атланта Хокс.

НБА клубот наведува дека 30-годишниот Антиќ е капитен на македонската кошаркарска репрезентација на која и помогнал да дојде до полуфиналето на Европското првенство во Литванија. Наведени се и клубовите за кои настапувал Антиќ, од Работнички, преку Србија, Бугарија, Русија и Грција, до досега најголемиот успех – да биде прв Македонец во најдобрата светска лига. 

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он