Издавачот Бункер го издаде својот петти графички роман Вавилон Берлин

Од:

Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апслоутни почетници, го издаде својот петти графички роман Вавилон Берлин.

Се работи за дело според романот на Фолкер Кучер по кој е снимена истоимената телевизиска хит серија – најскапа од неанглиско говорно подрачје! Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови… Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато.

Авторот Арне Јиш не само што го адаптира култниот криминалистички роман на Фолкер Кучер туку и прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политичките напнатости во Вајмарската република. Интересно е и да се напомене дека тој во делото гради сопствен заплет кој се разликува од оној во серијата. На крајот, тој му благодари на Фолкер Кучер што без негодување ги прифатил промените во неговата приказна.

Објавувањето на графичкиот роман Вавилон Берлин на македонски јазик го поддржаа Министерството за култура и Град Скопје.

Издавачот Бункер веќе 10 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска