Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук ја поздрави одлуката на судот кој едногласно ја одби жалбата на Новак Ѓоковиќ за укинување на визата. Хоук истакна дека одлуката е во склад со имиграциските загони на Австралија кои се пименуваат од почетокот на пандемијата.
„Ја поздравувам едногласната одлука на судот кој го потврди моето дискециско право во името на јавниот интерес да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ. Австралиската имиграциска политика не одржа сигурни за време на пандемијата и помогна да имаме една од најмалите стапки на смртност од корона во светот“ – рече Хоук.