По повод драмата со светскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ, се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ и испрати порака до својот австралиски колега.
Вучиќ во видеото му дава поддршка на Новак Ѓоковиќ и му се обраќа на премиерот на Австралија, по повод одлуката да се поништи визата за српскиот тенисер.
„Никогаш не можеа да ни го одземат срцето и достоинството“, вели Вучиќ. Тој порачува дека нападите и притисоците кон тенисерот земаат толкав размер, што тој не можел, а да не се огласи.
„Ако сакавте да му забраните на Ѓоковиќ да го освои трофејот по 10 пат, зошто не го вративте веднаш, зошто не му кажавте дека е невозможно да се добие виза? Зошто го малтретирате“, прашува Вучиќ.