За повеќето родители сексот се уште е табу тема

Од:

За повеќето родители сексот е табу тема во воспитувањето, па така 68 отсто од нив не им објасниле на децата што е секс или како настануваат децата, покажуваат резултатите од истражувањето на американската Интернет страница CouponCodes4u, во кое учествуваа повеќе од 2.300 родители со барем едно дете постаро од 12 години.

Според истражувањето 44 отсто од родителите не разговараат со детето за секс, бидејќи оваа тема им е непријатна, а 27 проценти тоа не го прават од верски причини.

Околу 11 отсто од родителите воопшто не веруваат во сексуално воспитување и сметаат дека на децата не треба да им се појаснуваат работите за сексот, бидејќи сето тоа ќе го сфатат сами, пишува „Дејли Мејл“.

– Разговорот за сексот за повеќето родители, но и за децата е еден од најнепријатните разговори во животот и тие ја избегнуваат таа тема, изјави лидерот на студијата Марк Пирсон.
Речиси половина од родителите сметаат дека работа на професорите е децата да ги запознаат со основите на сексот, а 15 отсто од нив сметаат дека извор на знаење треба да бидат пријателите или постарите браќа и сестри на детето.

Иако повеќето родители се согласуваат дека сексуалното воспитување на детето е важно, само 18 проценти од нив велат дека нивните родители разговарале со нив на таа тема.

Од оние кои со децата разговараат на таа тема, 37 отсто тоа го прават со цел децата да не добијат погрешна информација од другите, 29 проценти сакаат да имаат искрен однос, а 26 отсто за да ги подготват за светот на возрасните.

Би можело да ве интересира

Сексот после корона е опасен, треба да се апстинира еден месец

За среќна врска доволно е еднаш неделно да водите љубов

Емир Латифовиќ

Еве што жените највеќе кријат од мажите

Емир Латифовиќ

Мажите помислуваат на секс 19 пати на ден

Ана Ололовска

Пет женски ситници кои ќе уплашат секој маж

Емир Латифовиќ

Пет работи кои мажите не им ги кажуваат на жените

Емир Латифовиќ