Хјуман рајтс воч го критикуваше Бајден и другите лидери дека слабо ја бранат демократијата

Од:

Хјуман рајтс воч денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери поради слаба одбрана на демократијата и неуспех да се справат со климатската криза, пандемијата на Ковид-19, сиромаштијата, нееднаквоста и расните неправди.

За разлика од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого извршниот директор за човекови права Кенет Рот го опиша како „пријателски автократ“, Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година со ветување дека човековите права ќе ги стави во центарот на неговата надворешна политика.

– Но, тој продолжи да им продава оружје на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел и покрај нивната постојана репресија, напиша Рот во годишниот светски извештај на Хјуман Рајтс Воч објавен денеска.

– Другите западни лидери покажаа слична слабост во одбраната на демократијата, напиша Рот именувајќи ги францускиот претседател Емануел Макрон и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Рот, исто така, рече дека за време на клучните самити „Бајден се чинеше дека го изгубил гласот кога станува збор за јавно осудување на сериозните кршења на човековите права“.

– Стејт департментот на САД објавуваше повремени протести против репресијата во одредени земји, а во екстремни случаи администрацијата на Бајден воведе санкции за некои одговорни функционери, но влијателниот глас на претседателот често отсуствуваше, напиша тој.

Американски функционери ја бранеа администрацијата на Бајден, велејќи дека дипломатите честопати искажувале загриженост за човековите права кај странските лидери, вклучително и тешките разговори со противниците како што се Кина и Русија.

– Ако демократиите сакаат да надвладеат во глобалната конкуренција со автократијата, нивните лидери мора да сторат повеќе отколку да укажат на неизбежните недостатоци на автократите. Тие мора да дадат посилен, позитивен аргумент за демократско владеење, истакна Рот.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски