Груби: Убеден сум дека новиот состав на Владата ќе ја спроведе нејзината програма

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби е убеден во квалитетот на предложените имиња за новиот состав на Владата за исполнување на нејзините цели.

-Учествував во програмата, ја пишувавме заеднички се до вчера. Многу сум задоволен од програмата и сум убеден дека новиот состав ќе ја продолжи работата на досегашниот состав и ќе ја имплементира целосно, истакна Груби одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградба на основно училиште во Визбегово.

Во врска со нови вработувања во државни институции и огласите што се објавуваат, Груби одговори дека во јавната администрација ќе има вработувања се додека има потреба.

-Има огромни потреби и недостигања во државната управа. Институциите кубурат од недостиг на луѓе зашто заминуваат во приватниот сектор или избираат други опции за нивната кариера. Има потреба, има буџетски средства и не се работи за нови вработувања, сите тие се или поради пензионирања или заминувања. Министерството за финансии има законски пречки да даде други согласности ако не се пензионирани случаи или коишто заминале, додаде Груби.

Би можело да ве интересира

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

ВИДЕО: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Вархеји го честиташе изборот на новата Влада