Основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж денеска објави дека основал политичка партија која ќе учествува на изборите, кои што ќе се одржат при крајот годинава, во неговата родна Австралија.
Асанж изјави дека неговата „Партија Викиликс“ ќе има седум кандидати за место во горниот дом во Сенатот, во кои ќе ги преставуваат австралиските сојузни држави Нови Јужни Велс, Викторија и Западна Австралија.
И покрај тоа што повеќе од една година се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, од која не може да излезе бидејќи ќе и биде предаден на Шведска, која го бара поради обвиненија за сексуален напад и силување, и самиот Асанж ќе се кандидира во Викторија.
Тој во едно интервју истакна дека планира да биде независен критичар на активностите на владата.
-Клучни вредности на партијата ќе бидат транспарентноста, одговорноста и правдата. Нема да прифатиме ниту еден закон или мерка на владата, која што ќе се темели на неточни и недоволно транспарентни информации –истакна Асанж.
Елена Георгиевска