Пипан верува дека со добра работа може да се направи резултат

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за настап на претстојното Европско првенство за кое селекторот Алеш Пипан верува во добри игри и резултати.

– Македонија нема голем фонд на играчи, но тие што се селектирани се квалитетни и способни да остварат добар резултат. Младите кои се повикани ќе треба да се докажат и ако заслужат ќе добијат своја минутажа. Почетниот собир и првите тренинзи ги одработивме во Скопје, а формата ќе ја достигнуваме на подготовките и низ контролните натпревари, изјави Пипан на денешната прес-конференција.

Македонските кошаркари утре патуваат на подготовки во Словенија. Таму ќе одиграат пријателска средба со домашната селекција, како и со репрезентацијата на Украина. Во земјата домаќин на евро-шампионатот македонската репрезентација патува без Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб кои се очекува да се приклучат на 1 август.

Иако Тодор Гечевски најави повлекување од националниот тим, во МКФ се уште оставаат можност и тој да игра на ЕП.

Следните контролки Македонија ќе ги има со Хрватска, исто така на гостински терен, потоа во Скопје доаѓа Литванија, па следуваат два дуела со Шпанија и за крај натпревари во Улм со Грција, домашната Германија и БиХ.

Повторување на добрите игри и резултати од последното Европско првенство кога Македонија беше четврта очекува центарот Предраг Самарџиски.

– Можеме да се носиме со притисокот за високи резултати. Имаме квалитет да одиме скалило погоре и се надевам дека така ќе биде во Словенија, рече Самарџиски.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски