Сарачини се сртена со претставници на канадската компанија „Резервоар Минералс“

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска се сретна со претставници на канадската компанија „Резервоар Минералс“, Данкан Ларџ и Даниела Бомбај.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, претставниците на канадската компанија биле информирани за  поволните услови за инвестирање во секторот на минерални суровини, особено за металните минерални суровини, бакар, злато, сребро, олово, цинк, како и можните наоѓалишта во Македонија.

Сарачини посочил дека како дел од активностите за создавање поволна клима за инвеститорите се и измените на Законот за минерални суровини, притоа потенцирајќи дека сите законски измени што се прават произлегуваат од потребата на реалниот сектор.

Претставниците на канадската компанија биле информирани дека во постапка се и два јавни огласа за доделување концесии и тоа еден за концесија за експлоатација на термоминерална вода на две локации и вториот за концесии за детални геолошки истражувања на 29 локации.

– Во континуитет работиме на подобрување на бизнис климата и условите за работа, еднакво за домашните и странските компании, со цел поголем економски развој на Република Македонија и отворање нови работни места, истакнал министерот Сарачини, додавајќи дека зголемениот број на инвестиции во делот на минералните суровини е резултат на владините политики за привлекување инвеститори и создавање поволна бизнис-клима.

Според Даниела Бомбај од канадската компанија, со измените на Законот за минерални суровини и со самите процедури, Владата направила да има почесто тендери и да може компаниите да добиваат повеќе концесии.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката