2454 нови случаи на Ковид-19 во Црна Гора

Од:

Во последните 24 часа во Црна Гора од последици на коронавирус починале осум лица, а регистрирани се 2.454 нови случаи на зараза.

Институтот за јавно здравје соопшти дека нивните и други јавни и приватни лаборатории кои дијагностицираат инфекција со коронавирус ја завршиле анализата за саботата и доставиле резултати за 6.644 примероци за новиот коронавирус.

Новооткриените случаи се од Подгорица 937, Никшиќ 339, Бар 194, Херцег Нови 118, Беране 108, Бијело Поље 101, Будва 98, Котор 91, Пљевља 89, Тиват 82, од Цетиње 60, од Даниловград 53…

Уделот на новопозитивни случаи во вкупниот број тестирани во саботата изнесува 36,93 проценти.

„Во текот на саботата во ИЈЗ се пријавени осум смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19. Меѓу починатите најмладиот имал 34, а најстариот 84 години“, се вели во соопштението.

Вкупниот број на починати од инфекција со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 2.442.

Вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид 19 во Црна Гора е 21.951.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 190.279.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски