Изолацијата во Црна Гора скратена на седум дена

Од:

Министерството за здравство на Црна Гора и Комисијата за борба против Ковид-19 ги ​​прифатија измените на протоколот, па изолацијата ќе се намали од 10 на седум дена.

Одлуката стапува на сила на 10 јануари, известуваат црногорските медиуми.

Според Институтот за јавно здравје на Црна Гора, исклучок се лицата кои се лекуваат во болници или се со намален имунитет.

„Услов за излегување од изолација е лицето да нема температура или знаци на респираторна инфекција во последните 24 часа“, велат оттаму.

Времето на карантин за сите блиски контакти е скратено од 14 на 10 дена.

„За близок контакт се подразбираат сите членови на домаќинството. Доколку имало блиски контакти со други лица надвор од домаќинството, позитивно лице е должно да обезбеди податоци за контакт (име и презиме, матичен број, адреса и телефонски број) и да ги достави до надлежна епидемиолошка служба“, посочуваат од ИЈЗ.

Тие велат дека доколку некое лице развие симптоми на болеста во периодот на карантин, треба да се јави на тестирање во ковид амбуланта на локалниот Здравствен дом и да остане во карантин додека негативниот тест не потврди дека симптомите не можат да се припишат на инфекција со Ковид-19. .

„Врз основа на решението за изолација на пациентот (потврден случај на инфекција со ковид), се издава решение за карантин за близок контакт од домаќинството, кое е исто така неопходно за оправдување отсуство од работа и отворање боледување“, заклучуваат од Институтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски