Најмалку три лица загинаа при превртување цистерна со гориво во Иран

Од:

Најмалку три лица загинаа, а неколку куќи беа запалени кога цистерна со гориво се преврте во западен Иран, јави иранската новинска агенција Фарс.

„Возачот на камионот и двајцата патници во другото возило загинаа, пожарот е изгаснат, но неколку куќи се оштетени“, изјави за Фарс шефот на противпожарната и итната служба во градот Санандај.

Властите претходно изјавија за иранската државна телевизија дека во западен Иран се превртела цистерна со гориво, при што загинал возач и биле запалени неколку куќи во близина.

„Содржината на цистерната се излеа кон куќите и се запали“, изјави ирански претставник за вонредни состојби за државната телевизија.

Тој рече дека се испратени пет возила на брза помош и дека на терен се три возила за спасување, како и пожарникари.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел