Победи на македонските тенисери на фјучрс турнирите

Од:

Димитар Грабул ја продолжува серијата успешни настапи на фјучрс турнирите во Белгија.

Тој во 2.коло го победи домашниот тенисер Максим Брикман со 7:6 (8:6) и 7:5 и во следното коло (четвртфинале) на турнирот во Хеист ќе игра против Маркос Гиралди Рекуена од Шпанија.

Успешен настап на турнирот во двојки во Кикинда имаа Томислав Јотовски и Шендрит Деари. Тие во 1.коло ги победија Дарко Јандриќ (Србија) и Антун Видак (Хрватска) со 7:6 (8:6); 4:6 и 10:8.

Денеска за влез во полуфиналето македонската двојка ќе игра против тенисерите од Србија, Лука Илиќ и Страхиња Лакиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ