Уличниот магазин „Лице в лице“ и во Струга

Од:

Корисници на Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства „Порака нова“ од Струга и на Црвениот крст од денеска до недела по струшките улици ќе продаваат од првиот уличен магазин „Лице в лице“.

Продавачите на активистичкиот магазин ќе бидат претставени во рамки на првото издание на Фестивалот за процесирање култура ДримОН.

Нудејќи им го на своите сограѓани списанието, кое чини 100 денари, стружаните Јасе, Илче, Игор и Петрит ќе задржат за себе половина од продажбата, со што ќе го подобрат своето секојдневие. По Скопје и Неготино, „Лице в лице“ ја проширува својата мрежа на градови и во Струга.

„Лице в лице“ е дел од Меѓународната мрежа на улични весници (ИНСП)  заедно со уште 123 улични изданија во светот. Сите заеднички влијаат во борбата со сиромаштијата и обезбедување на редовен приход за ранливите категории граѓани. Во фокусот на магазинот се теми од областа на екологијата, општествената одговорност, арт активизмот, а содржините поттикнуваат добри практики од областа на хуманитарната работа, културата и уметноста, унапредување на животот во градовите…Списанието го продаваат бездомници, луѓе со ментална попреченост, младинци од улица и социјално загрозени граѓани.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“