Претставничкиот дом на САД не ги прифати законските измени, со кои ќе се прекинеше финансирањето на програмата за електронско следење на Националната безбедносна агенција (НСА).
Долниот дом на Конгерсот со 217 гласови „против“ и 205 „за“ ја отфрли можноста НСА да собира електронски и телефонски информации на милиони Американци.
На предлог-законот се спротистави и Белата куќа и шефовите на американските разузнавчки агенции, како и републиканските лидери.
Тоа беше прв обид да се ограничи дејноста на НСА по откривањето на поранешниот советник на Агенцијата Едвард Сноуден.