Чиле е првата јужноамериканска држава што ќе обезбеди четврта доза вакцина против Ковид-19

Од:

Од следната недела, Чиле ќе почне да нуди четврта доза вакцини против коронавирус на граѓаните со ослабен имунолошки систем, се вели во владино соопштение. Тоа ја прави земјата прва во Јужна Америка и една од првите во светот што нуди дополнителна доза.

Претседателот Себастијан Пинера на прес-конференција објави дека масовната администрација на втората засилена доза ќе започне од 10 јануари.

Чиле е една од земјите со највисоко ниво на вакцинација во светот, посочена како пример во борбата против пандемијата. Над 85 отсто од населението примиле две дози, а околу 57 отсто примиле трета доза. Чилеанската влада одлучи да дозволи четврта доза во време кога многу заразниот сој Омикрон се шири низ светот, а голем број држави пријавуваат рекордно ниво на инфекција дури и меѓу вакцинираните. Случаите во Мексико се зголемија повеќе од двојно во изминатата недела, а Перу воведе нови ограничувања оваа недела.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера