ВИДЕО: Најмалку 77 лица загинаа во железничка несреќа во Шпанија

Од:

Најмалку 77 лица загинаа синоќа кога воз излетал од шините на влезот во станицата во шпанскиот град Сантјаго де Компостела. Во несреќата повредени се 143 лица.

Овие податоци ги соопшти регионалниот суд на Галисија, напоменувајќи оти тие се уште не се конечни. Во возот се наоѓале 222 лица.

Пет лица се во кома, од кои 15-20 се во тешка состојба. Несреќата се случила синоќа во 20.42 часот по локално време.

TRAIN DERAILES IN SANTIAGO DE COMPOSTELA

Се работи за линија која ги поврзува Мадрид и Ферол, на северот на земјата. Телата кои се расфрлани се прекриени со ќебиња. Екипите за итна помош и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата.

Сведоци опишале ужасни сцени, а некои тврдат дека слушнале силна експлозија.

Возот со патници излетал од шините на остра кривина. Еден од вагоните се запалил, Спасувачите се обидуваат од превртените вагони да ги извлечат преживеаните.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе допатува денеска на местото на несреќата.

Според локални медиуми, меѓу главните причини за несреќата е големата брзина на возот. Истрагата се уште е во тек.

Ова е една од најголемите трагедии во историјата на железничкиот сообраќај во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата