Владата на Казахстан поднесе оставка по протестите заради цената на горивата

Од:

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата, соопшти неговиот кабинет по протестите против владата, предизвикани од зголемувањето на цените на горивото, а во кои беа повредени речиси стотина полицајци.

Полицијата со солзавец и шок бомби доцна синоќа упадна на протест при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите со часови продолжија во блиските населби од овој најголем град во Казахстан.

Протестите го нарушија имиџот на Казахстан како политички стабилна држава под строга контрола, која привлекуваше стотици милијарди долари странски инвестиции во нафтената и металната индустрија за време на тридецениската независност.

Токаев побара од владата и провинциските гувернери повторно да ја ограничат цената на гасот, а потоа и на бензинот, дизелот и другите „социјално важни“ производи за широка потрошувачка.

Тој, исто така, нареди владата да подготви закон за личен банкрот и да размисли за замрзнување на цените на комуналните услуги и воведување субвенции за кирии за сиромашните семејства.

Претседателот додаде дека ситуацијата се подобрува во градовите погодени од протестите откако беше прогласена вонредна состојба со полициски час и ограничување на движењето.

Во провинцијата Мангистау, во неделата почнаа протести откако ден претходно беа укинати ограничувањата на цената на течниот гас, популарното гориво за автомобилите, по што цената се зголеми за повеќе од двојно.

Токаев прогласи вонредна состојба во Алмати и провинцијата Мангистау, изјавувајќи дека домашните и странските провокатори се виновни за насилството.

Полицијата уапси повеќе од 200 лица.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан