Општина Центар отстрани дивоградба на улица „Самоилова„ на Кале

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во придружба на градежна механизација, денеска на улица „Самоилова“ на Кале отстрани нелегално изграден објект на непознат инвеститор, информира Општината.

„Градбата која е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 метри на 5.5 метри, изграден од армирано бетонска конструкција, на земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градење, донесе решение за отстранување на објектот, затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и останата документација. Инвеститорот, согласно членот 142 од Законот за градење, има три дена за сам да постапи по решението. Откако истиот не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот“, соопштува Општината.

Оттаму упатуваат апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски