Зголемени тензиите меѓу Јапонија и Кина

Од:

Јапонија денеска ја зголеми борбената готовност на своето Воено воздухопловство, откако Кина првпат испрати еден свој воен авион во меѓународниот воздушен простор во близина на јужните јапонски острови, што Токио го смета како демонстрација на кинеската поморска експанзија.

Односите меѓу Кина и Јапонија се влошени поради територијалниот спор околу ненаселените острови во Јужното Кинеско Море, а тензиите дополнително се зголемија по победата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе на изборите за Горниот дом на Парламентот во неделата.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека еден кинески воен авион денеска околу пладне по локално време прелетал низ воздушниот простор меѓу најголемиот остров во префектурата Окинава и островот Мијако во јужниот дел на Јапонија, летајќи кон Тихиот Океан, а подоцна се вратил по истата маршрута во Јужното Кинеско Море.

– Сметам дека тоа ја покажува кинеската намера за натамошна морска експанзија, оцени јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања