Египетскиот министер за одбрана Абдел Фатах ал Сиси денеска ги повика Еѓипјаните в петок да излезат на масовни протести за да му „дадат мандат“ да стави крај на „насилството и тероризмот“.
Тој посочи дека неговиот апел за масовни демонстрации не е повик за насилство, туку за национално единство.
Сиси посочи дека египетската армија „единствено ја исполнила волјата на народот“, со тоа што го отстранила од власт поранешниот претседател Мохамед Морси.
Потпретседателот на Муслиманско братство, Есам ел Еријан изјавата на Сиси ја оцени како закана против движењето. Тој го нарече Сиси „лидер на воен удар, кој убива жени, деца и верници“.
– Вашите закани нема да ги спречат милионите луѓе да ги продолжат протестите за враќање на власт на претседателот Мохамед Морси, напиша Еријан на својот Фејсбук профил.
Откако армијата на 3 јули го смени Морси од власт приближно сто луѓе загинаа во уличните борби меѓу приврзаници на Муслиманско братство од една страна и армијата и противниците на Морси од друга.