Царинската управа со успех ја заврши 2021 година, со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет, велат од Царина.
Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 24,70% во однос на 2020 година, односно за 12,81% во однос на 2019 година.
„Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки“, се наведува во соопштението.