Хакиран весникот „Ерусалим пост“

Од:

Израелскиот весник Ерусалим пост денеска објави дека неговата веб-страница била хакирана, што тие го опишаа како „очигледна закана“ за нивната земја.

Наместо главната страница со вести, на хакираната веб-страница се наоѓала илустрација која асоцирала на највисокиот ирански генерал, Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година. Илустрацијата претставувала предмет што наликува на куршум истрелан од црвен прстен, кој потсетува на препознатливиот прстен што го носел Сулејмани.

Ерусалим пост, дневен весник на англиски јазик, на Твитер објави дека работи на решавање на проблемот.

– Свесни сме за очигледното хакирање на нашата веб-страница, со директна закана за Израел, се наведува во објавата на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски