Девет нови бензински пумпи и услужни центри долж Коридорот10

Од:

На девет локации долж Коридорот 10 ќе се градат бензински пумпи и услужни центри. За таа цел Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување државно неизградено земјиште во општините Велес, Штип, Свети Николе, Демир Капија, Градско и Росоман.

Се работи за две локации во општина Велес од кои едната е на магистралниот пат М-1 и е со вкупна површина од 39.840 метри квадратни, а втората е на регионален пат и е со површина од 49.271 метар квадратен. Ќе се отуѓуваат и две локации во општина Свети Николе, едната со површина од 41.094 метри квадратни и другата со 58.820 метри квадратни.

На продажба се и една локација во Демир Капија со површина од 21.591 метар квадратен, една локација во Градско со површина од 27.928 метри квадратни и една локација во општина Росоман со површина од 38.054 метри квадратни.

– Сите овие објави се излезени заедно и завршуваат најдоцна на 27 август оваа година. Објавите ќе бидат доставени и до нашите економски промотори за да може да анимираат и странски оператори на бензински пумпи да дојдат во Република Македонија бидејќи се работи за атрактивни локации, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција.

Тој најави дека во најкус временски период ќе бидат објавени уште две локации во општините Прилеп и Вевчани, а во финална фаза се уште четири локации за бензински пумпи во Пехчево, Кавадарци, Прилеп и Валандово.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска