Во врска со вчерашното потпишување на договорот за гасоводот Јужен тек, НСДП има неколку отворени прашања до Владата на Република Македонија и потписникот министерот за финансии Ставрески:
Дали со потпишувањето на договорот со Гаспром е затворен клириншкиот долг кон Р.Македонија од 60 милиони долари за кои Ставревски најмалку пет до шест пати даваше изјави дека е затворен?
Ако веќе ова е најголема инвестиција во енергетиката во Р.Македонија во последните 20 години, зошто Владата на Р.Македонија на чело со премиерот не беше примена од ниедна официјална личност од страна на Руската федерација?
НСДП и јавноста чекаат објаснување од Владата што поточно потпиша Ставрески во Русија?