ВИДЕО: Маж во Мелбурн се самозапали во автомобил, викал против ковид-потврдите

Од:

Маж се запалил во неговиот автомобил пред ресторан во Мелбурн. Сепак, излегол од запалениот автомобил и со брза реакција на итните служби и на минувачите е спасен и потешки последици.

Минувачите кои биле во близина успеале да го смиират, а потоа го презела полицијата.

„Му гореше кожата, беше запален. Врескаше за вакцинацијата и за ковид-потврдите“ – објаснуваат очевидците.

Тие велат дека човекот намерно се полил со бензин и себе си и автомобилот и се запалил.

Во австралиската држава викторија вакцинирањето е задолжително за околу еден милион луѓе меѓу кои вработните во продавниците, новинарите, фудбалерите и за полицијата.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он