Лит Мун театарот од Санта Барбара вечер на „Битола Шекспир фестивал“

Од:

„Битола Шекспир фестивал“ продолжува со настап на американските актери од театарот Лит Мун во Санта Барбара, Калифорнија кои во Македонија пристигнаа со силна театарска критика, и по настапот во театарот „Одисеј“ во Лос Анџелес.

Театарската претстава „Бура“ на Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел премиерно беше изведена во октомври минатата година на матичната сцена на тамошниот театар, а веднаш потоа новинарот Чарлс Донелан во тиражниот весник „Индипендент“ (Independent) забележал дека „претставата изобилува со хумор, отпор и љубов“, додека пак театарскиот критичар Џастон Сатон во „Нузхавк“ (Noozhawk) посочува дека  „актерите играат повеќе улоги и тоа го прават без проблеми и убедливо“.

Театарот Лит Мун од Санта Барбара, формиран во 1992 година, претставата „Бура“ со 16 актери ја одигра и на почетокот од оваа година, односно на 6 јануари во театарот „Одисеј“ во Лос Анѓелес, а вечерва од 21 часот ќе настапат на новата сцена на Битолскиот театар. Потоа заминуваат за Шпанија каде во Мадрид ќе настапат на меѓународен театарски фестивал.

Професорот и директор на театарот Лит Мун од Санта Барбара, Џон Блондел е добро познат на македонската јавност и публиката во Битола бидејќи ја режираше претставата „Хенри Шести“ со која актерите од Битолскиот театар настапија на Културната олимпијада во Лондон, но и синоќа во рамките на Шекспир фестивалот, за што режисерот Блондел беше награден со овации и долготраен аплауз.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“