Македонскиот кошаркарски репрезентавец Перо Антиќ, од наредната сезона ќе игра во тимот на Аталанта хоукс.
Дека наскоро Антиќ ќе игра во најсилната лига во светот (НБА), напиша неговиот агент, Мишко Ражњатовиќ на својот профил на „Твитер“ но се уште нема официјално соопштение.
Имено тој веќе се договорил со тимот на Аталанта да потпише договор за една година, со можност за продолжување, но останува уште да ги помине лекарските прегледи.
Антиќ ќе стане прв Македонец што ќе игра во НБА лигата.