Сообраќајка кај Тетово, едно лице тешко повредено

Од:

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа што денеска околу 15 часот и 30 минути се случи на регионалниот пат Тетово – Пирок во близина на селото Долно Палчиште.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информираше дека во сообраќајката учествувале две возила – мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од А.Ш.(72) од Челопек и мазда со хрватски таблички управувана од А.С.(21).

Во несреќата со тешки телесни повреди, односно повеќе скршеници, се здобил возачот на мерцедесот кој веднаш е пренесен на клиниките во Скопје.

– Со овластвување на истражен судија и јавен обвинител увидот кој се уште трае го врши екипа на СВР Тетово, изјави Јосифовски.

Тој уште еднаш упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

Велосипедист удрил и тешко повредил жена од Куманово

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Тетово, автомобил усмрти пешак

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

Се судрија „сканија“ и „БМВ“, загина возач и сопатник од Гостивар, уапсен е возачот на камионот

Горан Наумовски