Новородениот британски престолонаследник вчера со неговите родители, принцот Вилијам и војводката Кејт Мидлтон, ја напушти болницата „Сент Мери“, а гордиот татко за новинарите пред болницата изјави дека бебето личи на неговата сопруга.
Вилијам нагласи дека се уште не решиле кое име ќе му го дадат на синот, забележувајќи дека неговиот син има многу повеќе коса од него.
Стотици новинари и љубопитни граѓани со денови чекаа пред болницата за да го фотографираат новиот британски престолонаследник.
Лондон вчера беше во знакот на раѓањето на новиот принц. Топовите пукаа во близина на Бакингемската палата, оддекнуваа ѕвоната на Вестиминстерската опатија, а се слушаше и песната Congratulation.