Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во ноември. Се сведе на ниво од 4,42 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,76 проценти, соопшти Народната банка.
Нето-надворешниот долг на крајот на третото тримесечје се намали за 64 милиони евра и изнесува 3,34 милијарди евра или 28,2 отсто од проектираниот БДП. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 проценти.
Бруто-надворешниот долг, на крајот на септември од 2021 година изнесува 9,87 милијарди евра или 83,5 отсто од проектираниот БДП и бележи квартално намалување од 300 милиони евра, додека бруто-надворешните побарувања, за истиот период, изнесуваат 6,53 милијарди евра или 55,3 отсто од проектираниот БДП и се намалија за 235 милиони евра.
-Во текот на третото тримесечје од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 19 милиони евра и изнесува 7,1 милијарда евра (60,1 процент од проектираниот БДП за 2021 година). Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 отсто, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, информира Банката.
Позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција може да се прочитаат на https://www.nbrm.mk/content/