Објавен романот „Олгица и дедото вреден милиони“

Од:

Излезе од печат романот за деца и тинејџери „Олгица и дедото вреден милиони“, од романскиот писател Алекс Молдован. Романот е во издание на „Бата прес“.

Делото од романски на македонски јазик го преведе Ермис Лафазановски, а илустрациите се на Јожеф Вас. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Ова е третата од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ќе ги објави оваа и наредната година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

– Олгица е дванаесетгодишно девојче, како и секое друго. Во ред, не како сите други: таа е палава, дрска, секогаш е во неволја, нема многу пријатели, а нејзината фамилија е толку поделена што таа не ја препознава тетка ѝ кога ќе се појави на вратата. Згора на тоа, Константин, нејзиниот богат, строг и угледен дедо, многу сака да ја види. И тој нема да прифати никакво одбивање. На изненадувањата им нема крај, бележи авторот на преводот, Лафазановски.

Писателот Алек Молдован е роден 1977 година во Клуж, каде што и сега живее. Вљубеник е во литературата за деца, џезот и е доброволец во друштвото за заштита на животните. Завршил филозофија, превел над триесет книги и работел како книжар. После долги години повторно ја почувствувал потребата да пишува и основал свој блог. Го нарекол Жолтиот велосипед. „Олгица и дедото вреден милиони“ е неговиот прв роман.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска