Во Будва денеска ќе биде одржана првата Парада на гордоста во Црна Гора. Иако од полицијата велат дека ќе направат се манифестацијата да помине без проблеми, ситуацијата во градот е тензична.
Во пресрет на Парадата, низ градот осамнаа некролози со името на претседателот на ЛГБТ Форумот Прогрес Здравко Цимбаљевиќ, организатор на геј поворката.
Незадоволство од одржувањето на геј парадата во Будва искажаа и навивачите на фудбалскиот клуб Партизан од приморскиот град, а во Будва е организирано и потпишување петиција против одржувањето на Парадата на гордоста.
Сопствениците на ноќните локали во Будва вчера вечер, во знак на протест ја угаснаа музиката, а слични мерки најавија и за вечерва.
Од црногорската влада претходно порачаа дека со одржувањето на Парадата, се испраќа порака дека во Црна Гора се почитуваат човековите права.