Патникот кој се закануваше со бомба и ги пцуеше Србите, сакал да ја отвори вратата од авионот додека летал

Од:

Патникот кој го предизвика инцидентот во авионот кој требаше да слета во Белград, се обидел да ја отвори вратата од авионот за време на летот, а по него вратата се обидела да ја отвори и неговата сопруга.

Авиокомпанијата Визер се огласи откако патник во нивен авион предизвика инцидент.

„Летот на авиокомпанијата Визер Билунд – Тузла, вечерта меѓу 28 и 29 декември беше пренасочен кон Белград, поради магла во Тузла. По најавата за пренасочување, забележано е непослушно и навредливо однесување на двајца патници. Нашиот кабински екипаж ја реши ситуацијата онака како што е обучен. Авионот слета непречено, а по слетувањето непослушните патници се предадени на надлежните органи. За останатите патници обезбеден е копнен превоз до Тузла. Безбедноста е наш врвен приоритет и ние сме авиокомпанија која не толерира навредливо однесување кон нашите патници и персонал“, велат од Визер.

На летот на релација Билунд-Тузла дошло до инцидент кога еден од патниците од Тузла, но со данско државјанство, почнал да се заканува на патниците дека ќе активира бомба и вербално го навредувал персоналот во авионот пцуејќи ги зошто принудно требало да слетаат во Белград. Како што се наведува, станува збор за државјанин на Данска, Сулејман Имамовиќ. Авионот поради непостоење услови во Тузла, бил пренасочен да слета во Белград, по што патникот револтирано почнал да пцуе и да навредува зошто не сакал да слетува во Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ