(ВИДЕО) Снимка од патникот кој се закануваше со бомба во авион: Да ви еб*м матер српска

Од:

На летот на релација Билунд-Тузла дошло до инцидент кога еден од патниците од Тузла, но со данско државјанство, почнал да се заканува на патниците дека ќе активира бомба и вербално го навредувал персоналот во авионот пцуејќи ги зошто принудно требало да слетаат во Белград. Како што се наведува, станува збор за државјанин на Данска, Сулејман Имамовиќ. Авионот поради непостоење услови во Тузла, бил пренасочен да слета во Белград, по што патникот револтирано почнал да пцуе и да навредува зошто не сакал да слетува во Србија.

„Да ви еб*м српска мајка, да ви еб*м матер во уста српска, да ви еб*м матер што ме носите во Србија, ќе го урнам авионот, ќе се убијам себе и жената“, извикувал Имамовиќ.

По дополнителни консултации со српското обвинителство против државјанинот на Данска по слетувањето во Белград е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, како и загрозување на безбедноста на воздушниот простор.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ